Бу-Бу!

Да не видовте еден малечок, еден топличок?

Адаптација

Дел од Non-private, сé...         6.09.2007 @ 1:52

Кај нас ни еден сегмент од нашата ’правна држава’ не е надлежен за ништо, никој нема ингеренции за ништо, оние кои за нешто имаат ингеренции не знаат за што точно имаат ингеренции, а сето тоа е зачинето со одлична количина на игнорантност и игнорирање на правилата, прописите, законите.

 

Поради тоа пред малку:

…Во себе си препознав ’весељак’. Одлучив да прославувам се и сешто, 24 часа во денот, секој ден во месецот, цела година. Никој ништо не ми може. Одлучив тоа да го направам најграндиозно што може, во присуство на моите 500 најдобри пријатели и роднини, и секогаш во позадина со одлично озвучување, баш такво како на отворен концерт на Ред Хот Чили Пепрс, музика од МП3 која има иритантни премини од една во друа фрекфенција и јачина. Нормално сето тоа ќе биде пропратено од огромни количини алкохол, за стимулирање на моето друштвенце, а исто не е проблем и да има и по некој малолетник кој ќе учествува активно во секој сегмент од забавата.

…Друга идеја која апсолутно ми се допаѓа и мислам дека да ми донесе многу пари, е да отворам кафич кој ќе го регистрирам како ТП, а во него ќе работат најмалку 10 вработени кои одговараат пред мене, но јас не одговарам пред државата за нив, бидејќи нема да ги пријавам како вработени. Ќе се трудам да ги задоволам муштериите со одлична гласна музика, барем 30 децибели над пропишаното. Ќе продавам големи количини сомнително набавен алкохол, кој ќе го точам и на малолетници. Работното време ќе ми биде по законот кој е околу законот и ќе трае до најмалку саат и половина подолго од пропишаното во законот кој е закон. Ќе се спријателам одлично со реонските полицајци и исто и нив ќе ги частам по некоја пијачка од време на време, по можност тогаш кога ќе дојдат да ме опоменат.

…Мислам дека не е на одмет да отворам и школо за странски јазици и компјутери кое ќе има посебен влез, но само привидно, онака, ќе има влезна врата, која е апсолутно нефункционална и нормално, ќе го користам главниот влез на стамбената зграда. Апсолутно ќе внимавам на тоа да се пријавам како вработена само јас, а другите 8 наставници и професори нема да ги пријавам, ќе изгледа како да работам сама. Ќе внимавам и на тоа тие 8 мина да не се педагози, но школото ќе го рекламирам како школо за деца. Уште една добра работа која ќе можам да ја направам е да направам наставна програма која ќе се состои од пишување на домашните задачи кои на тие деца им ги задале на часот по германски/англиски/француски/информатика во основното школо каде учат. Часовите ќе траат по 60 минути но јас и моите (шшшшш) вработени ќе се појавуваме после 45 минути од започнувањето на часот.

…Ќе исечам еден од главните носачи на зградата за да си ги наместам точно како што сакам сите кафански маси и столови, школски клупи и столчиња. Ќе изградам поможен висечки објекте кој ќе биде продолжеток со кров на мојата тераса. Ќе го рециклирам целиот отпад на тој начин што ќе го фрлам низ балкон.

Сето тоа ќе го направам во мојот стан и како што ми рече еден представник на нашата правна држава, одлично ќе си живеам со комшиите. Само така ќе успеам да се вклопам во системот, кој еве веќе 16 години апсолутно перфектно функционира и по некоја луда логика сеуште опстојува.

Одлично ќе се вклопам, нели? 

 

 

 

Џиџе

Дел од Private, сé...         16.03.2007 @ 13:52

Не сакам бре да ме гледаш така

Дел од Non-private, сé...         14.12.2006 @ 12:30

Зошто луѓето чувствуваат потреба да те “утешат“ и да те “охрабрат“ ако си дебел?

Ми се смачи да ве слушам како ме “храбрите“ дека се е во ред.

Кој тоа ви рекол дека јас мислам дека не е во ред и дека ми треба тешење, храбрење и одобрување?

Не знам зошто мислите дека ако си дебел по дифолт си незадоволен и сакаш да изгледаш како слабите?

Немам терминална болест да ве е*** , не ми треба утеха.

Или единствено што гледате кога ќе погледнете во мој правец е мојот стомак?

 

 Да, да!! тоа е… јас сум стомак во движење!! emoticon

 

Отворено писмо до Зевзек, Јади Бурек, Дневник, Утрински, А1, Време, Вечер, Нова Македонија, Канал 5, Сител, и секој оној кој може да помогне

Дел од Non-private, сé...         24.11.2006 @ 11:05

Магистралниот пат Велес-Скопје                                              

 

 

Не верувам дека ќе се пожалам за нешто што некој не го знае, но единствен начин на кој може нешто брзо да се смени е преку медиуми, а јас како таква, немам можност да дојдам до медиум поинаку, освен вака.

Можам да поднесам барање-жалба до Министерството за транспорт и врски, но тие ’мораат’ да ми одговорат најдоцна за 30 дена. А мене ми е страв дека тие триесет дена може некого да го чинат живот. Не можам да се жалам до Македонија пат, затоа што нивна беше идејата, само со цел да можат да наплаќаат и на Велешката патарина. Не можам да се жалам во некоја Европска институција, затоа што прво морам овде да ги ’изодам сите правни патишта’ овде. А тоа, уште еднаш, може да значи нечиј живот.

Дали можеби можете Вие ’да ги тропнете тапаните’ и да се убрза работата?

Проблемот е, секако, во креативноста на идиотот, инжинер (ако е жалам, ако не е пак жалам), предпоставувам во Македонија пат, кој во целата своја идејна моќ, бил инспириран да ’го преуреди’ магистралниот пат Велес-Скопје, кој како таков ќе се користи цела година (ако не и повеќе), додека не заврши репарацијата на патот Скопје-Велес.

Ме интересира ако можеш да дознаеш, чиј е проектот на патот Велес-Скопје, кој сега по некоја луда, нездрава логика, има четири ленти, во место кое по собраќаен закон и пропис, е доволно само за пат од три ленти?

Дали може да се промени тоа?

Еве јас ако треба, се јавувам доброволно, да дадам предлог, кој не мора да ми го платат големите умови од инжинери, и да се врати старата верзија на пат со три ленти, со тоа што, на одредени делови ќе имаат можност за претекнување тие кои одат накај Скопје, а во одредени делови ќе можат да претекнуваат оние кои одат за Велес. Знаете.. нешто слично како Плетвар. Се надевам дека не е им е ’виша математика’ на нашите инжинери за патишта?

И ме интересира уште една работа. Како може, пред ’држава’, ’инспекции за патишта’, ’полиција’, ’власт’ да се провне цел еден магистрален пат како нешто што е ’по правила и прописи’? Пат, по кој во 24 часа минуваат по неколку илјади луѓе и го гледаат тоа, а сигурно поминал и некој кој е дел од нашата ’правна држава’. Ако толку голема работа може да помине неказнета, да и’ се прогледа низ прсти, тогаш… од ’ова’ никогаш нема да биде држава. Да и’ се плукнам.

Да и’ се плукнам (уште еднаш) затоа што ме доведува во опасност мене, мажот ми и моето осум месечно дете. И дали имам основа за тужба за тоа што Македонија пат, Министерството за транспорт и врски и ’државата’ како таква, не довела во опасност?

Со почит

Билјана Петрова

Велес

 

 

 

 

п.с. ова го објавувам и на мојот блог како отворено писмо www.bubu.dobroutro.com

Растеме

Дел од Private, сé...         23.10.2006 @ 23:47

Свадби

Дел од Non-private, сé...         16.09.2006 @ 13:02

Свадбите се врв на лицемерието во Македонија.

Slave nation

Дел од Non-private, сé...         27.08.2006 @ 12:50

Дали познавате некој кој оди на работа, а нема земено плата неколку месеци (најмалку)?

Сигурно познавате. Познавам и јас.

На моето прашање:“Зошто одиш кога не ти дава пари, а ни придонесите не ти се платени толку време?“. Добивам одговор “Заради децата“ или “Оти се надевам“.

Кои деца?! Чии деца?! На работодавачот? На комшијата децата? Општо децата во светот? Ако за своите, да ми простиш, кој к*р имале корист твоите деца од твоето неземање плата? Си ги наранил? Си ги облекол?

А на што се надеваш? На седумка на лото? На милоста на работодавачот? На forever peace in the world?

 

 

Добро, зошто се нема иницијатива да се промени тоа? Иницијатива од самите засегнати, од самите робови. Да робови!!! Нема друг збор за некој кој работи за без пари за туѓа среќа. Што чекаат? Бунете се, тужете, не одете на работа, штрајкувајте, бојкотирајте, но не пред владата, туку пред оној кој не ви плаќа. Владата посебно не е виновна за финансиите на приватниците. Пример, ако имаш своја тезга и продаваш цвеќиња, ако не му плаќаш на вработениот, што има тој да се жали кај владата?

Ама.. нема единство. Што ако јас рипнам, а другите седат? Ако не ме поддржат? Ако ме отпуштат?

Сами го хранат ѕверот со тоа што се плашат. Му работат некому за да се насладува на нивната мака. И одат, оти се плашат, повторно и повторно, и оти не веруваат во тужби, а не веруваат оти не се обидуваат. И не веруваат во тие околу нив, оти Боже мој за право, има други будалетинки кои чекаат на ред да се вработат, па макар и за без пари. 

Луѓе осознајте си ја моќта! Запознајте се со вашите права. Прочитајте го законот за заштита на работникот. Најдете добри адвокати. Се е возможно!!!

И да не чујам уште еднаш: Амиии…. 

 

 

new(old)ones

Дел од Non-private, сé...         25.08.2006 @ 17:23

Ох диар!

Синоќа вестите ми беа, нешто во рангот на Сајнфилд.

Имаше некакво потпишување на економска дрн-дрн, не знам што од страна на новите учесници во власта. И гледам јас кои се собрале. Според мене, има две врсти на играчи: Возрасни луѓе кои се во политика уште кога Јосип Броз беше дете и Млади деца кои во времето на Јосип уште биле во репродуктивниот орган на татко им. Мајтапот е што првиве се ’играчи’ на кои очите им играат во главата, а вториве се идеалисти. Можно е, велам можно е, првиве, така да си ги подредат работите, да на вторите им се чини дека тие (вториве) така сакале.

Има неколку од оние кои се во стилот: ’имам партија, мала, ама барем јас сум 15 години парламентарец’ . На такви не им верувам. Посебно не оние кои имаат фирми кои убаво ги ’испеглаа’ та вработените не знаат кај име главата, а кај г**от.

А оние другиве што ’Ќе го сменат светот’. Мислам, дај Боже да видеме подем!!! Ама кандидатот за министер за внатрешни работи, кога изјави дека ’ќе прави реформи’, мене во главата ми се појави слика на затвори обоени во жолто и на нив розови цвеќиња. За министер за внатрешни, треба некој што ќе ти се стресат колената кога ќе те погледне, а не мало кршливо човече фрлено меѓу шпиони и организирани криминалци.

А да не зборувам за некој кој е наводно партиски неопределен, а сега ќе се опрчи на место министер за правда. Кој сака нека зборува, ама министер не те става никој ако не си малку… барем малку партиски определен .

А еден што има “Се смешкам, се смешкам љубезно, ама не ми знаеш што ми се мотка низ главава“….

 

Леле, ај ќе си молчам.  

 

 

Велс!

Дел од Non-private, сé...         23.08.2006 @ 23:49

Насловот не е печатна грешка.. emoticon

 

Лабина Митевска снима нов филм во Велес. Тематика е нешто во стилот тешка социјална положба. Пред година-две исто во Велес (заборавив чиј беше филмот) се снимаше филм со иста тематика.

Хмммммм emoticon

 

 

 

А и додека пребарував за филмовите, наидов на овој текст:

 

…Во Велес сж уште има прекрасно градско живеење, во Велес се знае дека кога почнува корзото по главната улица, не се движат коли, во Велес се има неверојатна сообраќајна култура, се почитуваат правилата на урбано живеење

 

Somebody has been missinformed! 

Во Велес навистина се затвора главната улица за сообраќај навечер, ама никој не шета таму. Корзото е way up from there. A за сообраќајната култура.. кхм…. Ај да не бидам безобразна, ама сигурно не е сообраќајна култура пешак да минува на пешачки премин, да турка количка со бебе и да чека 10 минути да помине, зошто никој не сака да застане. А не знам дали е сообраќајна култура да возиш во рикверц во едносмерна улица, ама обратно од пропишаниот правец? А дали е сообраќајна култура да паркираш на самиот пешачки премин? Можеби е сообраќајна култура да се минува на црвено на единствениот семафор во градот, зошто не им се чека да светне зелено? А што е со возење со 70км на час во град каде е дозволена брзина 40км на час? А со паркирање на кривина?

Ауууу… се занесов..Ова сосема случајно ми дојде како кец на десетка! А мислев да пишувам за филмовиве…. Ајт, гидла!

 

 

No Electricity

Дел од Non-private, сé...         21.08.2006 @ 23:56

Ова со исклучувањто на струјата на неплаќачите стана ептен IN. Мене лично, ми се допаѓа, посебо што „удрија„ на големите. Ами како! Да се знае! А не само на некој што eдвај врзува крај со крај.

 

 

Деnовиве актуелно беше исклучувањето на струјата во Жито Битола. Е не!! Што мислеше Пуерот? Дури има свет и век? Само не ми е јасно како не му стасуваа пари да ја плати струјата кога на вработените (последно што знам) не им давал плата веќе две години, а лебот секој ден се продава? Уште почудно е што знам дека кога го доставуваат лебот бараат кеш пари, а едно време (не знам за сега) имаше бонови од Жито Битола, а со нив продавниците кои набавуваат леб не можеа да го плаќаат. Штета emoticon Може ги истрошија сите пари на перење теписи секој втор ден?

Наредна страница »